Запечени сарми во јогурт: Замотајте, загрејте и јадете!

Запечени сарми во јогурт: Замотајте, загрејте и јадете!

За оние кои сакаат блитва, ви донесуваме еден вкусен и лесен рецепт за подготвување ручек, кој можете да го загреавате повеќе денови, а за подготовка на ова јадење нема да ви бидат потребни повеќе од 30 минути.

Состојки:

  • 500 гр мелно месо
  • 1 шолја ориз
  • 1 главица црвен кромид
  • 1 лажица сув зачин
  • 1/2 лажичка сол
  • 1 лажичка бибер
  • 1 веза блитва
  • 1 јајце
  • 200 мл јогурт

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте кромид ситно, па додајте месо, зачини и ориз и сè заедно добро измешајте. Во поголемо тенџере загревајте вода до вриење.
  2. Кога водата ќе зоврие потопете ја блитвата на неколку минтуи и оставете малку да отстои. После неколку минути, извадете ја блитвата и на секој лист посебно нанесете малку фил од месо и замотајте, како кога виткате сарма.
  3. Наредете ги сармите во тепсија, наредете ги густо, па прелијте ги со вода.
  4. Ставете ги во рерна да се печат 90 минути.
  5. После час и половина, разматете јајце и јогурт, малку посолете и прелијте ја смесата преку сармите.
  6. Оставете уште 10-15 минути да се запечат.
  7. Послужете со кисело млеко и уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Полнет ананас со ориз и пилешко

Пудинг од ориз

Оризови нудли со зеленчук

Ориз на мексикански начин

Ориз со зеленчук и краби

Пилешка мучкалица со ориз

Брза диета според вашата градба на тело

Кое е омиленото чоколадо на секој хороскопски знак

singlepost_text