Уживајте во прекрасниот вкус на овие необични тортиљи…
Состојки:
- 3/4 главици карфиол
- 2 јајца
- 1/4 шолја исечкан магдонос
- сок од половина лимета
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 200 степени. Обложете плех со хартија за печење.
- Цветовите карфиол иситнете ги и потоа сомелете ги во блендер. Би требало да добиете околу 2 шолји иситнет карфиол.
- Карфиолот ставете го во чинија и загрејте го во микробранова рерна 2 минути, потоа извадете, измешајте и повторно загревајте 2 минути. Карфиолот потоа ставете го густа газа и исцедете го вишокот течност. Со оглед на тоа што карфиолот е многу топол, препорачуваме да носите кујнски нараквици додека ова го правите.
- Во сад со средна големина разматете јајца, додајте карфиол, магдонос, сок од лимета, сол и бибер. Сè добро измешајте. Обликувајте 6 тортиљи и наредете ги во плех за печење.
Печете ги тортиљите 10 минути, потоа извадете ги од рерна, свртете ги и вратете ги во рерна да се печат уште 5-7 минути. - Загрејте тава со нелепливо дно и во неа благо пропржете ги печените тортиљи (по 1-2 минути од секоја страна) додека не поруменат.
Добар апетит!
Повеќе поврзани рецепти на Готви.Мк
Англиски погачици со чедар – ќе ги правите во секоја прилика