Шпагети со сардини – вкусен ручек!

Шпагети со сардини – вкусен ручек!

Подгответе шпагети на необичен начин – со сардини…

Состојки:

  • 1 пакување шпагети
  • 2 конзерви сардини
  • маслиново масло
  • 2 чешниња лук
  • 1/2 главица кромид
  • 1 дл бело вино
  • 2 лажици песто сос
  • оригано
  • магдонос
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Згответе ги шпагетите и оставете ги на страна, но не ги цедете.
  2. На маслиново масло пропржете сечкан кромид, додајте зачини и измешајте. Додајте песто сос и ситно сечкан лук, бело вино и крчкајте неколку минути.
  3. Исцедете ги сардините од масло и исечкајте ги. Шпагетите измешајте ги со сосот. Сè добро измешајте, ставете во чинија, а преку наредете исечкани сардини.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство