Галерија: Кулинарски афтерворк со Шеф Антонио Ѓорѓиевски

Галерија: Кулинарски афтерворк со Шеф Антонио Ѓорѓиевски

Минатата недела во средното угостителско училиште „ЛазарТанев“ во Скопје се одржа „Обука за ученици готвачи“. После обуката следуваше настанот „Кулинарски афтерворк“ во кој гостите имаа шанса да пробаат вкусна храна приготвена за време на обуката.

На фотографиите можете да видите какви вкусни залчиња беа приготвени, како и дел од атмосферата на настанот:

„Ова е мој прв личен проект кој го спроведувам благодарејќи на наградата за младинско учество која ја добив оваа година а ја додели УСАИД во рамки на проектот за граѓанско учество. Наградата ја добив врз основа на мојата активност во невладината АРНО, поточно на проектот coolinari.mk и мојот активизам за подобрување на стручното образование и мотивација на младите и нивно полесно вработување. Изминатите години учествував на сите активности на Cooliari.mk – во текот на 2016 година бев асистент на проектот „Часови за готвење“, а бев присутен и на сите обуки кои беа организирани за средношколците готвачи во рамките на проектот. Наградата што ја добив е индивидуална и е во износ од 1500$. Иако е индивидуална, одлучив дел од тој износ да искористам за надградба на моето знаење и на младите-идни колеги готвачи од СУГС „ЛазарТанев“. Причината е во тоа што оваа наградата ја добив бидејќи работев на ваков тип проекти и сметам дека треба да се одржуваат се почесто.“, напиша Шеф Антонио на својот Facebook профил.

Тој вели дека одлучил тоа да биде професионална обука под водство на професионален Шеф/Готвач. Ја одбрал Шеф Маре Јаневска бидејки тој сметал дека од неа како долгогодишен искусен Шеф има многу да се научи. Исто така, и нејзината приказна започнува од Средното Угостителско училиште, па таа добро знае какви потреби имаат младите готвачи.

„Благодарен сум на Шеф Маре Јаневска што со полно срце ја прифати соработката, прифати да организираме ваков тип на обука и несебично сподели рецепти со сите нас. Лично јас и во име на сите од Coolinari.mk испраќаме едно искрено „Благодарам“ и се надеваме дека во иднина би соработувале повторно. На обуката беа присутни и ученици-членови на Coolinari.mk кои доброволно се пријавија. Многу сум среќен што сакаат да се унапредуваат во својата професија и докажуваат со нивната неуморна активност на ваков и сличен тип на обуки кои се одржуваат“, напиша Шеф Антонио Ѓорѓиевски.

Тој посочува дека другиот дел од наградата ќе го искористи за набавка на професионална опрема и курс по англиски јазик.

Прочитај поврзани Gotvi.mk вести:

Нов и неодолив рецепт во кујната – Чоколаден колач со Гинис

Англиски погачици со чедар – ќе ги правите во секоја прилика

Полнети тиквички по најдобар рецепт

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата