Водата има важна улога во процесот на слабеење. Затоа е важно да се јаде зеленчук богат со вода. Не само што помага при слабеењето, туку и допринесува кон здравјето на органзимот.
Ова е списокот на намирници кои би требало почесто да бидат на вашето мени. Со нив ќе го намаите струкот до празниците.
Брокула
Брокулата не само што е богата со вода, туку содржи и растителни влакна и калциум. Додајте ја брокулата на секој втор оброк и ќе бидете здрави и слаби.
Зелка
Овој зеленчук е богат со антиоксиданси така што е многу погоден за зајакнување на имунитетот. Уживајте во вој зеленчук што повеќе, а подготвувајте го онака како што мисллите дека ви е повкусен.
Карфиол
Карфиолот обилува со фитонутритиенти кои делуваат во борбата против различните видови на карцином. Карфиолот е богат со витамин Ц и фолна киселина. Карфиолот има најдобар ефект кога се јаде сиров.
Спанаќ
Ова е супер зеленчук богат со железо, фолна киселина и витамин К. Спанаќот содржи каротен, антиоксиданси, витамин Ц и лутеин кој е важен при заштитата на здравјето на очите.
Зелена салата
Со речиси 60 до 70 калории по килограм, зелената салата е еден од најдобрите сојузници во борбата за виткост. Зелената салата содржи витамин Б, фолна киселина и манган. Таа компонента помага во регулација на шеќерот во крвта и ја одржува функцијата на имунолошкиот систем.
Ротквици
Овој ведро обоен зеленчук е богат со калиум, фолна киселина, антиоксиданси и компоненти на сулфур кои помагаат при варење на храната. Немојте да заборавите на зелениот дел од ротквичката кој исто така е здрав.
Прочитај повеќе на Gotvi.mk:
10 „убијци“ на вишокот калории
Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)
Диетален појадок што ќе ве држи сити
Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот
ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки
Како да ослабете според хороскопскиот знак?
Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате
Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?
Прочитај Gotvi.mk рецепти:
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки