Се топи во уста: Посна пита од тиква и цимет

Се топи во уста: Посна пита од тиква и цимет

Посна пита од тиква и цимет која се топи во уста…

Состојки:

  • 500 гр кори за пита
  • 500 гр тиква
  • 100 гр шеќер
  • малку цимет
  • малку масло
  • една рака исечкани ореви (по желба)
  • шеќер во прав за посипување

Начин на подготовка:

  1. Тиквата крупно изрендајте ја и зашеќерете ја, додајте цимет и ако сакате и ореви. Добро измешајте за сè да се соедини.
  2. Земајте по две-три кори, па секоја пропрскајте ја со масло. На третата или четвртата (по желба) ставете фил од тиква. Повторувајте ја постапката додека не ги потрошите сите кори.
  3. Ставете во претходно загреана рерна на 180 степени и печете додека питата не порумени.
  4. Кога ќе се излади, посипете со шеќер во прав и послужете.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text