Од отпадно масло до енергија – Вклучи се во еко акцијата на Суниленс

Од отпадно масло до енергија – Вклучи се во еко акцијата на Суниленс

Отпадните масла за јадење се создаваат во големи количини секој ден. Поради несоодветното отстранување на овој вид на отпад, тој претставува најчест причинител за загадување на водата, почвата и на 1/4 од сите загадувања.

Следејќи ги интернационалните практики на циркуларна зелена економија, во 2009 година Суниленс започна со собирање, складирање, преработка и третман на отпадни масла и масти за јадење. Како пионери во оваа индустрија во Македонија, компанијата воспостави ефикасен систем за целосно управување со отпадните масла за јадење.

„Заедно со Вистински Дела На Љубезност Real acts of kindness го презентиравме и заедничкиот проект за собирање на отпадно масло од домаќинства #рециклирајидонирај.  Во следниот период волонтерите ќе го испитуваат јавното мислење за „Селектирање на отпад во домаќинствата со фокус на отпадното масло за јадење“. Со Go Green – Биди Зелен неодамна потпишавме и Меморандум за соработка за заедничко дејствување во поглед на подигнување на еколошката свест за собирање на отпадно масло за јадење од домаќинствата, подобрување на системите за селектирање, собирање и рециклирање на отпадно масло, како и взаемна поддршка на тековните проекти за отпадно масло кои ги реализираме („Од масло до енергија“ и „Рециклирај и донирај“). Резултатите и анализите од ова истражување ќе дадат значаен придонес во сферата на управување со отпадни масла за јадење како и во одредување на моменталната перцепија и практики на граѓаните генерално за отпадот во градот Скопје, како и поспецифично за отпадните масла за јадење.“, напишаа од Суниленс на својата Facebook страница.

Не заборавајте дека истото масло за готвење не треба да се користи неколку пати. Gotvi.mk Ви препорачува да се вклучите во еко акцијата на Суниленс кои го собираат отпадното масло од вашите домови. За 3 литри отпадно масло, од компанијата Ви подаруваат 0.5л масло за јадење Дијамант кое можете да го искористите или донирате.

Повеќе информации како да се вклучите во акцијата прочитајте на овој ЛИНКhttps://sunilens.com.mk/otpadni-masla-za-jadenje/sozdavachi-na-otpadni-masla-za-jadenje/domakinstva/

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

За маслото да не прска при пржење – има лесен трик, нема да се горите повеќе

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

Стави масло во кора од мандарина – резултатот генијален