Наједноставни, а многу вкусни и необични обланди – ќе ви се допаднат!
Состојки:
- 500 гр локум по избор
- 500 гр шеќер
- 150 гр мелени ореви
- 5 листови обланди
Начин на подготовка:
- Ставете шеќер во тенџере и ставете го на оган. Карамелизирајте го малку поретко отколку за слатко.
- Локумот исечкајте го на ситни коцки. Кога шеќерот ќе биде подготвен додајте исечкан локум и мелени ореви. Оставете да се излади. Филот треба да биде млак.
- Кога ќе се излади филувајте ги обландите, потоа ставете потежок предмет преку и оставете преку ноќ да омекнат. Наутро тргнете го предметот и сечете по желба.
Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет