Совршени посни лешник бајадери

Совршени посни лешник бајадери

Подгответе ги брзо и едноставно!

Состојки:

  • 400 гр маргарин
  • 10 лажици вода
  • 400 гр шеќер во прав
  • 400 гр мелени лешници
  • 400 гр посни бисквити
  • 100 гр посно чоколадо за готвење

Начин на подготовка:

  1. Сите состојки, освен чоколадото, силно измешајте ги за добро да се соединат.
  2. Добиената маса поделете ја на два еднакви делови и оставете ги да отстојат најмалку два часа во фрижидер.
  3. Кога двете маси добро ќе се изладат, во едната додајте на пареа растопено чоколадо и силно измешајте.
  4. Смесата без чоколадо истенчете ја и со неа обложете плиток четвртаст плех.
  5. Од горе распоредете смеса со чоколадо. По желба прекријте со глазура од чоколадо и до сервирање чувајте во фрижидер.
  6. Пред сервирање пресечете на парчиња.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Видео: Како да излупиме лук, јајце и банана

Погледнете ги цените во рестораните и кафулињата во Грција

Погледнете ги цените во супермаркетите во Грција

Нови правила за влез во Грција – Дали дојде крај на „патлиџан“ туризмот?

Гиро и пиво 6 евра: Ова се новите цени во Грција