Одлична салата од карфиол

Одлична салата од карфиол

Салатата од карфиол одлично оди со месо, печено или поховано, брзо се подготвува, а може да стои во фрижидер три до четири дена без да ги промени вкусот и бојата.

Состојки:

  • 1,5 кг свеж карфиол
  • 400 гр кисела павлака
  • 200 гр мајонез
  • 2 лажици мелен сончоглед
  • 3 лажици мелен сусам
  • малку магдонос
  • сол
  • 1 лажичка лук во прав (по желба)
  • малку јогурт (по желба)

Начин на подготовка:

  1. Карфиолот измијте го па исечкајте го на мали цветови. Измешајте ги сите наведени состојки со карфиолот.
  2. Послужете како прилог или како оброк салата.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text