Колач кој можете да го комбинирате со разно овошеј и видови пудинг, секој вкус ќе биде совршен!
Состојки:
- 4 јајца
- 1 прашок за печиво
- 50 мл масло
- 1 јаболко
- 200 мл јогурт
- кора од лимон
- 2 пудинга од ванила
- 1 ванилин шеќер
- 100 гр желе бонбони
- 200 гр шеќер
- 8 лажици брашно
- 600 мл млеко
Начин на подготовка:
- Разматете јајца со шеќер, додајте јогурт, масло, кора од лимон, брашно и прашок за печиво. Сè добро измешајте и ставете во плех со големина од 23 см.
- Од горе наредете тенки парчиња јаболко или какво било овошје. Печете во рерна на 200 степени 30-40 минути. Оставете го колачот да се излади. Во тенџере ставете млеко, додајте шеќер, ванилин шеќер и згответе пудинг. Врелиот пудинг полека прелијте го преку колачот.
- На уште топлиот пудинг насечкајте желе бонбони и украсете. Оставете го колачот еден час во фрижидер, а потоа послужете.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега