Поховани батаци – совршено печени

Поховани батаци – совршено печени

Следете го упатството од видеото за батаците да бидат совршено печени…

Состојки:

  • 5 пилешки батаци
  • 3 јајца
  • 200 гр брашно
  • 300 гр презла
  • сол
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Месото измијте го со студена вода, тргнете ја кожата па направете помал рез по средина на секој батак. Ова направете го задолжително ако парчињата се поголеми, така топлината побрзо ќе продре до внатрешноста на батаците и ќе бидат убаво печени. Секое парче избришете го со салфета за да не бидат влажни. 
  2. Добро посолете ги батаците. Разматете јајца кои исто така ќе ги посолите. 
  3. Во тава ставете околу 500 мл масло да се загрева. 
  4. Извалкајте ги батаците во брашно, јајца, повторно во брашно, јајца и на крај во презла. 
  5. Пржете ги на средна температура околу 20 минути со превртување за рамномерно да се испечат. 
  6. Ако се поголеми ќе ви биде потребно подолго време.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*