Пилешка капама: Највкусното месо – совршено за неделен ручек!

Пилешка капама: Највкусното месо – совршено за неделен ручек!

Пилешка капама е интересно јадење од бело месо и спанаќ. Послужете со павлака или кисело млеко…

Состојки:

  • 600 гр пилешки гради
  • 1 кг спанаќ
  • 2 лажици мешавина од зачини
  • 1 главица кромид
  • 1 лажица црвена пипер
  • масло
  • сол
  • мелен црн бибер

Начин на подготовка:

  1. Пилешките гради исечкајте ги на коцки, посолете ги, зачинете ги со мешавина од зачини, побиберете и пржете ги на тава во која претходно сте загреале масло.
  2. Во тавата налијте 100 мл вода. Главицата кромид исечкајте ја и додајте ја во тавата. Уште еднаш зачинете со мешавина од зачини, додајте црвена пипер и налијте уште 100 мл вода.
  3. Со масло пропрскајте керамички сад и ставете половина од претходно измиените листови спанаќ. Нанесете половина од содржината од тавата, па преку ставете ги останатите листови спанаќ, па останатата содржина од тавата. Поклопете го керамичкиот сад и ставете го во рерна.
  4. Печете 60 минути на 220 степени.
  5. Извадете го садот од рерна и послужете го јадењето на чинии за сервирање со павлака или кисело млеко.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text