Неодоливи и меки крофни…
Состојки:
- 200 мл јогурт
- 20 гр свеж квасец
- 2 јајца
- кора од лимон
- 1 лажичка шеќер
- малку сол
- 2 лажици масло
- 400-500 гр брашно
- џем
- масло за пржење
Начин на подготовка:
- Квасецот растворете го во млака вода или млеко, додајте шеќер, кора од лимон, јајца, 2 лажици масло, брашно, сол, па замесете меко тесто глатко и оставете го да нарасне.
- Размесете на дебелина од 1 см, па со мала чаша вадете крофни. Повторно оставете малку да пораснат (околу 10 минути) па притиснете ги на средина и пржете ги во длабоко масло.
- Крофните ќе бидат меки како пена. Во притиснатите отвори ставете малку џем.
Повеќе поврзани вести на Готви.мк
Ќе ве врати во детството: Омилениот десерт на сите генерации
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега
Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат