Спас во последен час: Тестенини со четири вида сирења

Спас во последен час: Тестенини со четири вида сирења

Кога немате многу време за готвење, послужете се со овој рецепт. Јадењето ќе биде готово за миг!

Состојки:

  • 500 гр тестенини
  • 250 мл павлака за готвење
  • 100 гр чадено сирење
  • 100 гр горгонзола
  • 100 гр топено (зденка) сирење
  • 50 гр изрендан пармезан
  • сол
  • бибер
  • малку путер

Начин на подготовка:

  1. Тестенините згответе ги по упатството на пакувањето.
  2. Подгответе тава во која ќе ставите малку путер да се загрее. Додајте на коцки исечкано сирење и мешајте додека сирењето не се растопи. Додајте павлака и гответе на слаба температура, со мешање, додека состојките не се стопат во густ сос.
  3. Во сосот по желба додајте мускатно оревче или лук. На крај измешајте пармезан. Готовиот сос додајте го во зготвените и исцедени тестенини.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text