Црвената пиперка во кулинарството најчесто се користи како додаток на месни јадења и за зајакнување на бојата и аромата на јадења од риба. Но, дали знаевте дека можете да подготвите вкусна супа од црвени пиперки? Еве рецепт…
Состојки:
- 3 црвени пиперки
- 1 лажица масло
- 1 главица кромид
- 2 лажици пченично брашно
- 1 л пилешки бујон
- 3 домати
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Преполовете ги пиперките, извадете ги семките и грубо насечкајте ги.
- Загрејте масло во голем сад. На слаб оган пржете го кромидот и пиперките додека не омекнат. Измешајте брашно и пржете 2 минути, непрекинато мешајќи.
- Постепено додавајте бујон, потоа домати, сол и бибер. Оставете да се готви на слаб оган 20 минути, повремено мешајќи.
- Тргнете го садот од оган и миксајте ја изладената супа додека не добиете глатка смеса. Измиксаната супа вратете ја на шпорет и полека загрејте ја.
- Послужете во чинии за супа и украсете со црвена пиперка исечкана на ленти.
Добар апетит!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт