Сочни шницли во сос од кромид

Сочни шницли во сос од кромид

Вкусни и едноставни за подготовка…

Состојки:

  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка бибер
  • 1 лажичка мешавина од зачин
  • 2 лажички сенф
  • 1 главица кромид
  • 2 дл млеко
  • 200 гр кисела павлака Пекабела
  • 1,5 лажица брашно

Начин на подготовка:

  1. Шницлите тенко исечете ги и благо исчукајте ги со чекан за месо, а потоа исечете ги на стапчиња. Зачинете ги и премачкајте со сенф.
  2. Оставете ги да отстојат најмалку половина час. Потоа на загреано масло испржете ги подготвените шницли додека благо не поруменат, па додајте ситно сечкан кромид и налијте малку вода.
  3. Крчкајте околу 45 минути повремено додавајќи вода, додека шницлите не омекнат.
  4. Во меѓувреме разматете брашно во студено млеко, да нема грутки, додајте павлака, лажичка сенф и малку сол и бибер, па сè соединете.
  5. Готовите шницли извадете ги од тава, па во истата додајте ја мешавината од млеко, брашно и павлака и мешајте додека не почне да врие. Потоа вратете ги шницлите и кратко гответе, најмногу минута, додека шницлите не се поврзат со сосот. Послужете ги топли со прилог и салата по желба.

Добар апетит!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*