Руска салата без мајонез и шунка: Најздравиот прилог за свечен ручек!

Руска салата без мајонез и шунка: Најздравиот прилог за свечен ручек!

Наместо мајонез се користи јогурт, кој дава совршен, освежувачки вкус…

Состојки:

  • 200 гр моркови
  • 200 гр грашок
  • 200 гр кисели краставички
  • 5 варени белки
  • 5 цели јајца
  • 100 гр компири
  • 50 гр милерам
  • 50 гр јогурт 3.2%
  • 1 лимон
  • малку сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Измиениот, неизлупен зеленчук згответе го во благо посолена вода и брзо изладете го. Сварете ги јајцата па изладете ги. Од јајцата отстранете ги жолчките, а белките исечкајте ги на ситни коцки.
  2. Зеленчукот излупете го и исечкајте го на ситни коцки со големина на грашок. Исечкајте ги и киселите краставички. Во сад измешајте коцки зеленчук, јајца, кисели краставички и грашок. Зачинете со сол, бибер и сок од лимон.
  3. Поврзете ја салатата со милерам и јогурт и оставете ја во фрижидер да се излади, а вкусовите да се поврзат. По желба додајте и дел од жолчките исечкани на коцки.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*