За вистинските љубители на слатки: Неодолив колач од чоколадо и кикирики

За вистинските љубители на слатки: Неодолив колач од чоколадо и кикирики

Освојува на прв залак – едноставен и неодолив колач…

Состојки:

  • 3 јајца
  • 350 гр шеќер
  • 6 лажици гриз
  • 2 лажици брашно
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 200 мл јогурт
  • 100 гр печени и мелени кикирики
  • 50 мл масло
  • кора од лимон

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца со шеќер, а потоа додајте брашно и гриз измешани со прашок за печиво, јогурт, кикирики, масло и кора од лимон. Сè убаво измешајте и префрлете во намастен плех со големина од 24 см. Печете на 200 степени 20-25 минути.
  2. Додека колачот се пече згответе сируп од шеќер во кој можете да додадете и кругови лимон.
  3. Сирупот оставете го да се излади, па печениот врел колач прелијте го со сируп. Оставете го 30 минути убаво да впие.
  4. Направете глазура од чоколадо и прелијте го колачот. Оставете го уште 1 час да се излади и чоколадото да стегне.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text