Запечено компир пире со лук

Запечено компир пире со лук

Ароматичен прилог кој со својот богат вкус ќе го надополни главното јадење…

Состојки:

  • 1 кг компири, излупени и исечени на четвртини
  • путер
  • 1 чешне лук
  • 140 мл млеко Пекабела
  • 25 гр презла
  • кашкавал по вкус
  • 2 гранчиња мајчина душица

Начин на подготовка:

  1. Згответе ги компирите во тенџере полно со вода околу 15 минути, додека не омекнат. Добро процедете ги.
  2. Загрејте малку путер во истото тенџере во кое ги зготвивте компирите и испржете сечкан лук околу минута, додека не омекне. Потоа, во тава ставете млеко и загрејте додека не стане млако. Вратете ги сварените компириво тенџерето, тргнете го од оган и измелете ги компирите додека не добиете хомогена смеса.
  3. Загрејте ја рерната на 180 степени. Во плех или огноотпорен сад со големина 20х30 см ставете го пирето. Посипете со презла, кашкавал и мајчина душица. Печете околу 15 минути додека кашкавалот не се растопи.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт