Лешниците, бадемите и оревите прават оваа торта да биде фантастична!
Состојки:
- 21 јајце
- 375 гр путер
- 250 гр ореви
- 100 гр чоколадо за готвење
- 200 гр печени лешници
- 200 гр печени бадеми
- 42 лажици шеќер
Начин на подготовка:
- Сомелете 150 гр лешници, 150 гр бадеми и 150 гр ореви. Остатокот од лешниците и бадемите оставете го за украсување на тортата, како и остатокот од оревите кои треба да ги исечкате на ситно.
- Прва кора: 7 белки со 7 лажици шеќер разматете во цврст снег. Внимателно измешајте мелени лешници и испечете.
- Втора кора: 7 белки со 7 лажици шеќер разматете во цврст снег. Внимателно измешајте мелени ореви и испечете.
- Трета кора: 7 белки со 7 лажици шеќер разматете во цврст снег. Внимателно измешајте мелени и печени бадеми и испечете.
- Фил: 21 жолчка и 21 лажица шеќер згответе ги на пареа. Во две третини додајте 100 гр чоколадо, а третина оставете да биде посветла за премачкување на тротата. Путерот разматете го пенасто и додајте го во изладените филови (125 гр во жолиот фил, и 250 гр во браун филот).
- Две кори премачкајте со барун фил, а од горе со жолт. Украсете со бадеми, лешници и мелени ореви.
Послужете и уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта