Уштипци од пилешко со пиво во сочен сос

Уштипци од пилешко со пиво во сочен сос

Уштипци какви што досега не сте пробале…

Состојки:

  • 300 гр пилешко бело месо
  • 100-150 гр брашно
  • 2 јајца
  • 150 мл пиво
  • 2-3 лажици мајонез
  • 2-3 лажици павлака
  • 1 лажичка сенф
  • магдонос
  • бибер
  • сол
  • 2-3 чешниња лук
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Месото исечете го на стапчиња, посолете и побиберете.
  2. Во чинија додајте брашно, јајца и пиво па со жица добро измешајте. Загрејте го маслото, извалкајте го месото во подготвената смеса од јајца, брашно и пиво и пржете како уштипци.
  3. Вадете ги на хартиени салфети да ги впијат вишокот маснотии.
  4. Во мајонезот додајте лажица павлака и лажичка сенф. Во него уште додајте сечкан лук и сечкан магдонос.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text