Мусака со павлака

Мусака со павлака

Со оваа мусака послужете свежа салата и кисело млеко или павлака.

Состојки:

  • 1/2 кг мешано мелено месо
  • 1 кг компири
  • 2 главици кромид
  • бибер
  • масло

Состојки за фил:

  • 3 јајца
  • 180 мл кисела павлака
  • 200 мл млеко
  • мешавина од билни зачини

Начин на подготовка:

  1. Кромидот ситно исечкајте го и ставете го да се пржи на масло, заедно со меленото месо. Посолете, побиберете и динстајте додека месото не биде полупржено.
  2. Компирите излупете ги и исечете ги на кругови.
  3. Во намастена тепсија наредете половина од исечените компири, ставете месо, потоа другата половина од компирите и прелијте со преливот: разматете јајца, додајте кисела павлака, па соединете со вилушка, и на крај додајте млеко. Посолете по вкус.
  4. Печете во рерна загреана на 180 степени околу еден час.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт