За следниот ручек ви предлагаме да подготвите лисичарки во вино.
Состојки:
- 500 гр лисичарки
- 500 гр компири
- 1 главица црвен кромид
- 2 дл бело вино
- ловоров лист
- вегета
- бибер
- црвен пипер
- маслиново масло
Начин на подготовка:
- На маслиново масло динстајте го кромидот додека не стане благо жолт. Додајте ловоров лист и залијте со вино.
- Кога алкохолот ќе испари додајте исечкани печурки, зачини и динстајте.
- Кога печурките ќе пуштат течност додајте компир исечкан на коцки, налијте со малку вода да ги прекрие компирите и лесно гответе додека не омекнат.
- Посипете со магдонос и сервирајте.
Добар апетит!
Поврзани вести на Gotvi.mk
Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки
Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости
Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки
Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости
Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука