За сите љубители на убаво јадење…
Состојки:
- 1 поголемо јајце
- пилешки џигери
- 1 лажичка путер
- 5 рамни лажици презла
- 1 рамна лажица брашно
- малку сол
- малку бибер
- магдонос
Начин на подготовка:
- Иситнете ги џигерите и одвојте ги жилите. Додајте жолчка, брашно, презла, сол, путер и исечкан магдонос. Измешајте да се соедини.
- Посебно разматете белки пенасто па додајте ги во претходната маса, измешајте и правете мали топчиња.
- Кога супата ќе биде зготвена ставете ги кнедлите и гответе ги околу 10 минути. Послужете и уживајте!
Начинот на подготовка детално погледнете го во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт