Тартар сос од зеленчук на препечен леб

Тартар сос од зеленчук на препечен леб

Едноставно, а вкусно – тартар сос од зеленчук послужен на препечен леб…

Состојки:

  • 1 модар патлиџан
  • 1 црвена пиперка
  • 1 главица кромид
  • 3 чешниња лук
  • 1 тиквица
  • 1 морков
  • 1 домат
  • 1 лажица јаболков оцет
  • 1 лажица путер
  • 8 парчиња леб
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте го зеленчукот на коцки и пржете го на маслиново масло пет до седум минути, така што ќе остане малку сирово. Во зеленчукот додајте јаболков оцет и гответе уште 5 минути. Зачинете со сол и бибер, па тргнете го од оган да се излади.
  2. Исечете парчиња леб. Едната страна премачкајте ја со путер и тостирајте ги во тава со страната намачкана на путер надолу. На секое парче ставете по 1-2 лажици зеленчук.

Добар апетит!

Поврзани вести на Готви.мк

Англиски погачици со чедар – ќе ги правите во секоја прилика

Полнети тиквички по најдобар рецепт

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*