Мека, зачинета, совршена…
Состојки:
- 500 гр тенки кори
- 2-3 јајца
- 3 лажици гриз
- 300-400 гр мелено месо
- 200 мл јогурт
- 200 гр павлака
- 1 главица кромид
- масло
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Пропржете го ситно сечканиот кромид на масло, додајте сол и бибер, па испржете го месото.
- Обложете калап за куглоф со две кори, а вишокот од корите оставете го да виси преку рабовите на куглофот.
- Разматете јајца, додајте јогурт, павлака, гриз и убаво изедначете. Раширете ја првата кора и премачкајте ја со 2 лажици фил, а при дното ставете малку мелено месо, свиткајте ги рабовите и свиткајте во ролна. Ставете ја на дното на куглофот, а од горе распоредете една лажица фил.
- Повторувајте ја постапката додека не го потрошите целиот материјал, па покријте ја питата со префрлување на корите кои висат од страна и протресете го остатокот од филот. Убаво распоредете со лажица и ставете да се пече на 200 степени 40 минути.
- На половина од печењето покријте ја питата со фолија за да не загори.
- Послужете со јогурт или кисело млеко и уживајте!
Деталите за подготовка на оваа преубава пита погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи