Со арома од кафе, крцкава и кремаста торта без кори од брашно…
Состојки за бисквит:
- 7 белки
- 200 гр шеќер
- 200 гр мелени бадеми
Состојки за фил:
- 7 жолчки
- 150 гр шеќер во прав
- 3 лажички инстант кафе
- 150 гр путер
- 100 гр бадеми за декорација
Начин на подготовка:
- Разматете белки во цврст снег. Постепено додавајте шеќер во прав и на крај мелени бадеми. Замесете со раце. Печете во помал кружен плех на 150 степени околу половина час. Кората треба да порумени, но никако не смее да пресуши. Печеното и изладено тесто пресечете го на 2 или 3 кори.
- Жолчките разматете ги со шеќер. Кафето разматете го во две лажички вода и додајте во жолчките. Разматете путер пенасто и додајте го во подготвената маса.
- Премачкајте ги корите и завршете со крем. Оставете малку крем за декорација.
- Украсете со бадеми, послужете и уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта