Ароматична торта: Десерт со тиква кој им успева на сите

Ароматична торта: Десерт со тиква кој им успева на сите

Исклулително вкусна, ароматична торта, со убав изглед и фантастичен вкус.

Состојки за кора:

  • 300 гр брашно
  • 200 гр путер
  • 2 жолчки
  • 1/2 лажичка сол
  • 2 лажици павлака
  • 1/2 лажичка прашок за печиво

Состојки за жолт фил:

  • 500 гр исчистена тиква
  • 600 мл млеко
  • 100 гр шеќер
  • ванилин шеќер
  • 1 лажичка ѓумбир
  • 1 лажичка цимет
  • 3 јајца
  • 50 гр путер

Состојки за бел фил:

  • 500 гр сремско сирење
  • 200 гр шеќер
  • 5 јајца
  • 1 лажица сок од лимон
  • ванилин шеќер

Начин на подготовка:

  1. Од брашно, путер, жолчки, сол, павлака и прашок за печиво замесете тесто и оставете го да отстои околу половина час во фрижидер.
  2. Тиквата исечете ја на коцки, згответе ја во млеко, пропасирајте ја, па составете ја со шеќер, разматени јајца, цимет, ѓумбир и путер.
  3. Сремското сирење разматете го со шеќер, сок од лимон и ванилин шеќер. Додајте едно по едно јајце и матете додека смесата не стане глатка и компактна. Тестото извадете го од фрижидер, развлечете го и ставете го намастен плех или калап за печење. По тестото распоредете бел фил, а од горе жолт. Печете прво половина час на 180 степени, а потоа околу 20 минути на 140 степени. Пред послужување добро изладете.

Уживајте!

Повеќе на Gotvi.mk:

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории

Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

singlepost_text