Запечена Цезар салата со тиквици и сланина (ВИДЕО)

Запечена Цезар салата со тиквици и сланина (ВИДЕО)

Ќе уживате во секој залак!

Состојки:

  • 100 гр блитва
  • 2 тиквици
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажица презла
  • 100 гр листови кашкавал
  • 200 гр павлака
  • 100 мл млеко
  • 3 јајца
  • 3 печени пиперки
  • 2 моркови
  • 100 гр сланина
  • сол
  • зачин

Начин на подготовка:

  1. Блитвата исчистете ја и малку измијте ја. Тиквиците исчистете ги па исечкајте ги на листови, посолете ги и оставете да се исцедат. Измешајте ги брашното, зачинот и презлата. Пиперките испечете ги на плотна па излупете ги. 
  2. Намастете огноотпорен сад. На дното ставете листови тиквици извалкани во презла. Потоа ставете листови кашкавал, блитва, па тиквици, сланина, па исчистени пипреки кои, исто така, сте ги извалкале во презла, а потоа кашкавал и преку ставете листови морков, потоа повторно сланина, па завршете со тиквици. 
  3. Во чинија разматете јајца, додајте павлака и 100 мл млеко. Добро измешајте и прелијте со смесата преку тиквиците. Преку наредете сланина и по желба кашкавал. 
  4. Печете на 200 степени околу 35-40 минути.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство