Неодоливо полнето тесто од компири

Неодоливо полнето тесто од компири

Овој специјалитет освојува на прв залак!

Состојки:

  • 1/2 кг компири
  • 150-200 гр брашно
  • масло
  • 1 зелена пиперка
  • 1 морков
  • 1/2 праз
  • сол
  • бибер
  • зачин
  • презла

Начин на подготовка:

  1. Компирите сварете ги, излупете ги и изгмечете ги. На масло пропржете го зеленчукот, додајте сол, зачин и бибер. Во изгмечениот компир додајте брашно, лажица масло и замесете глатко тесто да не се лепи. Развлечете на половина сантиметар дебелина и сечете на коцки, кои потоа ќе ги наполните со фил. Преклопете го тестото и притиснете го со прсти.
  2. На шпорет ставете тенџере со вода, посолете па кога ќе зоврие спуштајте ги парчињата да се зготват. Готови се кога ќе испливаат и омекнат. Вадете ги со решеткаста лажица. Во тава пропржете презла па извлакајте ги парчињата тесто. Послужете ги топли.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text