Подгответе највкусен салеп дома – за ладните ноќи, штити и од грип

Подгответе највкусен салеп дома – за ладните ноќи, штити и од грип

Салепот е вкусен и здрав напиток совршен за есенските и зимски ноќи.

Направете го најубавиот дома.

Состојки:

  • 4 шолји млеко
  • 1 шолја салеп
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица цимет

Подготовка:

  1. Шеќерот и салепот во прав се мешаат, а потоа се додава студеното млеко. Смесата треба добро да се измати со миксер или рачно за да се растопат сите грутки од шеќерот и правот.
  2. Потоа ставете ја смесата да зоврие. Откога ќе зоврие, намалете ја температурата на ринглата и продолжете да варите со постојано мешање сè додека не добиете густа смеса.
  3. Сварениот салеп се сервира во шолји и потоа се наросува со цимет.

Она што е најважно е дека е здрав и помага против сезонските вируси и грипови.

Повеќе на Готви.мк:

Вистински пица деликатес

Ултра брзи пица мафини

Вегетаријанска пица

Пица а ла Бица

Домашна пица

Домашна пица капричиоза

Посно и вкусно: Фурнарини за 1 минута