Кременадли во ајвар сос

Кременадли во ајвар сос

Рецепт за кременадли какви што досега не сте пробале!

Состојки:

  • 1 кг кременадли одвоени од коски
  • 350 гр ајвар
  • 200 гр фета сирење
  • 1 голема главица кромид
  • сол
  • бибер
  • 1 коцка за супа од зеленчук
  • свеж магдонос
  • масло за пржење

Начин на подготовка:

  1. Месото посолете го и побиберете го па пржете го на врело масло од двете страни по неколку минути.
  2. Извадете го месото и во истото масло пропржете го кромидот десетина минути додека не омекне.
  3. Вратете го месото во тавата и прелијте го со топла вода и додајте коцка за супа. Динстајте на умерена температура околу 25-30 минути. Водете сметка да има доволно вода.
  4. Кога месото ќе омекне додајте ајвар. Измешајте и оставете да крчка неколку минути, па додајте издробено фета сирење.
  5. На крај посипете со исечкан магдонос.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

singlepost_text