Кифли со ајвар и кашкавал

Кифли со ајвар и кашкавал

Подгответе тесто од ајвар, превкусно е!

Состојки:

  • 500 гр брашно
  • 25 гр свеж квасец
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 јајце
  • 2-3 лажици ајвар
  • 75 мл масло
  • 250 мл вода
  • 50 гр кашкавал
  • 50 гр растопен путер

Начин на подготовка:

  1. Во голема чинија ставете брашно и сол и полека измешајте.
  2. Во друга чинија ставете вода, шеќер и квасец. Оставете квасецот малку да нарасне.
  3. Разматете јајце, додајте масло, ајвар и квасец. Сè полека додавајте во чинијата со брашно.
  4. Од наведената смеса направете тесто. Тесотот прекријте го и оставете го малку да нарасне.
  5. Тестото ставете го на рамна, побрашнета површина. Поделете го на 12 еднакви делови. Секој дел направете го во облик на кифла.
  6. Ако сакате, во секој дел ставете по коцка кашкавал или малку сечкано суво месо.
  7. Растопете путер на тивок оган и секоја кифла потопете ја до половина во путер. Потоа наредете ги кифлите во тепсија обложена со хартија за печење.
  8. Оставете ги топчињата во тепсија десетина минути. Пред печење премачкајте ги со јајце и од горе посипете со рендано сирење.
  9. Печете 25-30 минути на температура од 200 степени.

Добар апетит!

Повеќе поврзани рецепти:

ВИДЕО: Рецепт за леб кој не се меси

Тазе домашен леб

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

singlepost_text