Бухтле со цели јаболка и ореви

Бухтле со цели јаболка и ореви

Десерт во сосема ново издание – освојува на прв залак!

Состојки:

  • 200 мл јогурт
  • 100 мл млеко
  • 100 гр ореви
  • 700 гр ситни јаболка
  • 30 гр квасец
  • 2 јајца
  • 1 лажица шеќер
  • сол
  • 50 мл масло
  • кора од лимон
  • 500-600 гр брашно

Начин на подготовка:

  1. Квасецот растворете го во малку топло млеко, додајте шеќер, кора од лимон, масло, остатокот од млекото и јогурт, брашно, сол и замесете глатко средно тврдо тесто. Оставете го да нарасне на топло околу половина час.
  2. Јаболката излупете ги, издлабете ги и извадете ги семките, засладете по желба и додајте малку цимет.
  3. Нараснатото тесто развлечете го на 1 см дебелина, сечете на поголеми квадрати, а во средина на квадратите ставајте јаболко наполнето со ореви и свиткајте го со тесто. Редете во намастен плех едно до друго. Оставете да нараснат. Печете на 200 степени околу 30 минути. По желба посипете со шеќер во прав.

Уживајте!

 

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта