Пробајте го ова јадење – кох со одличен вкус со шунка и сирење – се подготвува многу брзо!
Состојки:
- 300 гр грашок
- 100 гр шунка Пекабеско сечкана на кругови
- 2 јајца
- 50 гр маргарин
- 100 гр сирење
- 1 главица кромид
- 50 гр брашно
- 50 гр презла
- 300 мл млеко
- 1 мускатно оревче
- масло
- сол
- мелен црн бибер
Начин на подготовка:
- Во тава со растопен маргарин испржете ситно сечкан кромид. Кога ќе омекне, додајте сечкана шунка, посолете и побиберете. Додајте грашок, брашно и млеко. Одвојте ги белките од жолчките, а во садот со жолчки додајте ја содржината од тавата, изрендано сирење, изрендано мускатно оревче и измешајте.
- Со миксер разматете ги белките, посолете, па соединете со претходно подготвената смеса.
- Пропрскајте со масло и презла калап за куглоф, па нанесете ја смесата за кох. Печете 40 минути на 200 степени.
- Печениот кох превртете го на тацна, пресечете и послужете со јогурт или кисело млеко.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи