Рецепти за печен и варен костен

Рецепти за печен и варен костен

И едниот и другиот начин е одличен, а варениот костен може да се искористи во подготовка на разни рецепти.

Печен костен

Засечете ги костените, ставете ги во тенџере, малку посолете и налите со вода колку да ги прекрие костените. Гответе додека не зовире и потоа исцедете ги и ставете ги на хартија за печење. Печете ги костените во загреана рерна на 250 степени, околу 25 минути. Готовите костени прекријте ги со крпа и оставете ги само пет минути.

Варен костен

Костените засечете ги и варете ги во посолена вода 30 минути или додака не омекнат. Должината на готвење и печење зависи од големината на костените.

Уживајте во костените уште додека се топли, но можете да ги подгревате и кога ќе се изладат.

Варените костени чувајте ги во фрижидер до три дена, а печените слободно можете да ги чувате во чинија на собна температура, но само прекриени за да не се сушат.

Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕОТО на „Шерпица“: