Засладете се од намирниците кои веќе ги имате во кујна…
Состојки:
- 4 јајца
- 100 гр растопен маргарин
- 100-150 гр шеќер
- 2 лажици какао
- 100 мл јогурт
- 150 гр брашно
- 1/2 прашок за печиво
Начин на подготовка:
- Разматете јајца со шеќер, додајте брашно, јогурт, растопен маргарин и прашок за печиво, па се добро измешајте. Тестото поделете го на два дела и во едниот додајте 1-2 лажици какао во прав. Кружен плех обложете со хартија за печење.
- Во средина ставете лажица светло тесто, преку темно, па светло, по ред додека не го потрошите материјалот.
- Колачот печете го на 200 степени околу 30 минути. Кога ќе се излади пресечете и послужете.
Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта