Семеен ручек: Рецепт за најдобриот селски лонец

Семеен ручек: Рецепт за најдобриот селски лонец

Ова јадење ќе го воодушеви целото семејство – од најмлади до најстари!

Состојки:

  • 400 гр свинско месо
  • 400 гр суво мисиркино месо
  • 50 гр путер
  • 1 главица кромид
  • 40 гр суви печурки (најдобро врган)
  • 100 гр суви сливи
  • 150-200 гр пченкарен гриз
  • 1 лажица концентрат домати
  • 1 лажичка слатка павлака
  • 3 чешниња лук
  • 2 компири
  • 1 кесичка крем супа од печурки
  • 2 дл павлака Пекабела
  • сол
  • бибер
  • веза магдонос
  • луто пиперче

Начин на подготовка:

  1. Печурките потопете ги во вода да набабрат. Згответе го месото, а одвоено подгответе супа од печурки по упатството на кесичката. На путер продинстајте ситно сечкан кромид, па додајте ги исцедените печурки. За време на динстањето налевајте од водата во која сте го зготвиле месото.
  2. Кога ќе омекнат, додајте суви сливи исечкани на четвртини, концентрат од домати, пипер, издробен лук, зготвено месо (исечкано на коцки) и компири (исечкани на коцки).
  3. Налијте супа од печурки, посолете, побиберете и по желба ставете луто пиперче. Гответе додека компирот не омекне.
  4. Префрлете го јадењето во земјен или огноотпорен сад, прелијте со павлака, посипете со магдонос и запечете на 180-200 степени.

Добар апетит!

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки