Чорба од праз, гриз и печен домат (ВИДЕО)

Чорба од праз, гриз и печен домат (ВИДЕО)

Брза вкусна, едноставна и здрава. Ќе уживате во преубавата комбинација!

Состојки:

  • 150 гр праз
  • 3 лажици пченичен гриз
  • 2 лажички зачин
  • малку бибер
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1/2 веза магдонос лист
  • 6-7 парчиња шери домати
  • малку сол
  • малку маслиново масло
  • 1.5 л вода
  • 1 јајце
  • 4 лажици кисела павлака

Начин на подготовка:

  1. Празот исечкајте го на кругови па одвојте го на прстени. Загрејте 2 лажици масло и кратко пропржете го празот. Додајте чаша вода па оставете да се динста неколку минути.
  2. Тргнете од шпорет и измешајте гриз со малку вода. Измешајте да се разбијат сите грутки па налијте го остатокот од водата. Додајте зачини, исечкан магдонос па гответе уште 15 минути.
  3. Тргнете од шпорет и измешајте павлака и јајце.
  4. Додека чорбата се готви испечете домати. Исечете ги на листови, наредете ги на хартија за печење, посолете, намастете. Печете 5 минути на најјака температура со вентилатор.
  5. Печените домати наредете ги преку чорбата или послужете ги посбено во чинија.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*