Цитрус диета: За 2 недели ослабете 6 килограми

Цитрус диета: За 2 недели ослабете 6 килограми

Цитрусната диета ефикасно го топи салото и со помош на неа можете да ослабете и до 6 килограми за само 2 недели.

Прва причина зошто оваа диета е препорачлива е тоа што го регулира системот за варење. Според сите нутриционисти лимонот, грејпфрутот, портокалот и мандарината се доста богати со цитрусна киселина која го поттикнува лачењето на желудочните сокови, па со тоа го подобрува варењето на храната.

Диетата е прилично едноставна, но има неколку строги правила. Еве ги:

1. Потребно е секое утро да пиете сок од лимон и портокал направен со млака вода, а чајот и кафето да ги сведете на минимум. Избегнувајте алкохол, слатки и газирани пијалаци.

2. Дневно треба да јадете минимум 5 порции цитрусно овошје. Во текот на денот барем еден оброк мора да содржи сок и кора од лимон.

3. Кај оваа диета нема броење калории, но затоа треба да се задржувате до точна саатница. Оброците треба да бидат во исто време.

4. Избегнувајте намирници како леб, ориз, компир и корнфлекс затоа што го подигнуваат нивото на шеќер и таложат повеќе масни наслаги. Јадете интегрален ориз, зелен зеленчук, протеини и овошје со мал процент шеќери.

5. Избегнувајте преработена храна. Наместо тоа, јадете свежа храна. Препорачливо е секој ручек и вечера да имате салата од свеж зеленчук.

6. Не претерувајте со немасната храна, затоа што на телото му се потребни одредени маснотии. Најдобро е да користите храна со незаситени масни киселини, како на пример риба и маслиново масло.

7. Неопходна е редовна физичка активност во траење од половина час дневно.

Повеќе вести на Gotvi.mk:

Лажење за време на диета не само што е ДОЗВОЛЕНО туку е и ПРЕПОРАЧЛИВО!

Брза диета според вашата градба на тело

Диета со која ќе се ослободите од дебелите бутови, широки колкови и салото на стомакот

Диета која се држи 7 дена со вашата омилена храна

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории

Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како

Како да ослабете според хороскопскиот знак?