Слатка зелка со мелено месо: Неодолив ручек преполн со витамини!

Слатка зелка со мелено месо: Неодолив ручек преполн со витамини!

Совршено јадење, полно со витамини…

Состојки:

  • 1 мала главица зелка
  • 1 свежа пиперка
  • 200 мл готвен домат
  • 300-400 гр мелено свинско месо
  • 200 гр сува сланина
  • 3-4 чешниња лук
  • 1 помал праз
  • 1 поголем морков
  • 1 помал корен целер
  • лист целер
  • масло
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажичка пипер
  • сув зачин
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Зелката исчекајте ја на поголеми коцки и пола наредете во тенџере. Од горе наредете мелено месо, сува сланина, исечкана пиперка, на кругови исечкан морков, целер исечкан на коцки, праз исечкан на кругови и крупни гранки целер кои ќе ги извадите кога зелката ќе се зготви. Преку ставете го другиот дел исечкана зелка. Налијте со вода до половина од тенџерето и ставете да се готви на средна температура околу 50 минути. 
  2. Кога зелката ќе се зготви, направете лесна запршка. На масло пропржете брашно и сечкан кромид па кога малку ќе порумени додајте црвена пипер и ставете во готвената зелка. 
  3. Лесно измешајте. Додајте сув зачин, сол и готвени домати. Оставете да се готви на лесен оган уште 5 минути и исклучете. Ручекот е готов.

 

Добар апетит!

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки

singlepost_text