Пикантно пилешко во лут сос

Пикантно пилешко во лут сос

Ова гурманско јадење послужете го со ориз и свежа салата.

Состојки:

  • 4 парчиња пилешки гради, исечкани на ленти или коцки
  • 1 лажица кафеав шеќер
  • 1/4 шолја соја сос
  • 2 лажици мед
  • 2 лажички рендан ѓумбир
  • 2 лажички сечкан лук
  • 2 лажици лут сос
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Измешајте шеќер, мед, соја сос, ѓумбир, лук и лут сос. 
  2. Посолете ги и побиберете ги парчињата пилешко. 
  3. Маслото загрејте го во голема тава. На умерена температура пропржете го пилешкото додека не порумени, околу минута од секоја страна. 
  4. Прелијте со подготвен сос преку месото и оставете благо да струи додека сосот не згусне, околу 10 минути. 
  5. Подготвеното јадење по желба посипете го со сусам.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text