Работа, дома, готвење, чистење, перење… многу обврски во текот на само еден ден. Практичен совет од Gotvi.mk за 4 масажи на прстите со кои можеби малку ќе се ослободите од стресот.
Масажата се применува со векови и се смета за едно од најефикасните средства за зачувување на здравјето. Не ви е потребно да посетувате козметички салон за масажа, туку одвојте само 5 минути од вашето време.
Во кое било време од денот, на работа или на одмор со оваа масажа постигнувате максимален ефект за минимално време.
Постапката на масажата е следна:
Вежба 1
Фатете го малиот прст со палецот и показалецот, а потоа нежно протресете за да ја ослободите мускулната напнатост. Малиот прст вратете го назад со тоа што ќе го движите во правецот на стрелките на часовникот, а по 10 секунди променете го правецот. Направете ја истата вежба и на другите прсти од вашите раце.
Вежба 2
Притиснете го коренот на секој прст, бидејќи секој е поврзан со одредена функција од нашето тело. Така на пример, со притискање на коренот од палецот ги ослободувате дишните патишта и носните празнини, бидејќи на крајот од палецот се наоѓа рефлексната зона врзана со белите дробови.
Вежба 3
Со едната рака направете тупаница, но внимавајте да оставите малку слободен простор во неа и во него ставете го палецот од другата рака. Потоа стиснете ја посилно тупаницата, обидувајќи се да го извлечете палецот од неа, односно тегнете го. Истото направете го и со останатите прсти.
Вежба 4
За крај, протресете ги дланките. Потребно е во нив да почувствувате топлина и олеснување.
Нашите прсти работат за нас и затоа е потребно да им обрнеме внимание, да ги опуштиме и тие ќе возвратат со тоа што од нас ќе го отстранат стресот.
Прочитај повеќе на Gotvi.mk:
Студени раце и стопала? Еве на кои здравствени проблеми може да укажуваат
5 природни маски за лице против акни
Природен рецепт кој го лечи болното грло
Кои чаеви помагаат при слабеење?
Вежбате, а резултатите се слаби? Еве што да јадете
Совети кои дерматолозите нема да Ви ги откријат
Рецепти за природни, а ефикасни маски за лице за зимските денови