Вака правилно се одржуваат тефлонските садови

Вака правилно се одржуваат тефлонските садови

Секои садови бараат одреден начин на чување и одржување, еве неколку примери кои укажуваат на тоа дека несвесно не водите грижа за тефлонските садови.

Избегнувајте миење тефлонски садови во машина за перење. Технички е безбедно, но високата температура може да го оштети површинскиот слој. Најдобро е да ги миете рачно. Најрелевантна причина за такво нешто е топлината поради која може да се ослободат токсини.

Иако шпатулите од нерѓосувачки челик се практични за употреба, ве советуваме да користите силиконски. Држете се до силиконски и дрвен прибор за вашите садови да траат подолго.

Чистењето на многу масни тефлонски садови оди полесно доколку во нив зовриете вода со две лажици прашок за печиво. А дамките од бигор можете да ги исчистите така што памучна крпа ќе потопите во неразреден оцет.

Запечените остатоци од храна лесно можете да ги отстраните со помош на сол која ќе ја посипете по садот кој претходно сте го налиле со топла вода.

Повеќе на Готви.мк:

Преслатко: Реакција на бебиња кога за прв пат пробуваат сладолед (видео)

Оставете ги децата да си играат во трева – Има евтин рецепт кој ги вади флеките

ВИДЕО: Вистинска „магија“ со која ќе ги воодушевите децата – ви треба лубеница

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

Флеки од мастило или тонер – Потребна ви е само 1 намирница и ќе ги извадите

singlepost_text