Сончево и топло – до крај на неделата промена на времето

Сончево и топло – до крај на неделата промена на времето

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб северен ветер.Утринската температура ќе се движи од еден до 10, а дневната од 22 до 28 степени. Во Скопје слично време, сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 26 степени. Следува период на стабилно, суво и топло време, со позитивни утрински температури, а максималните ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Од понеделник ќе има појава на мала до умерена локална облачност, а од средината на неделата ветерот ќе биде од јужен правец.

Во петок попладне и во сабота ќе има зголемување на облачноста и услови за слаб локален дожд.

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука