Мафините се вкусни, одлично изгледаат и се едноставни за подготовка.
Состојки:
- 1 чаша пченкарно брашно
- 1 чаша брашно
- 1/2 чаша масло
- 1,5 чаша јогурт или млеко
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка прашок за печиво
- 1 јајце
- 200 гр сирење
Начин на подготовка:
- Измешајте ги сите состојки и ставете ја смесата во калап за мафини, претходно намачкан со маргарин и посипен со малку брашно, но само до 2/3 од калапите.
- Мафините печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени 30 минути.
- Послужете ги топли со кисела павлака, а можете да додадете и малку сечкано суво месо или зачинска билка во смесата, а ако ставите 2 јајца, ќе бидат помеки.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот