Интернет хит: Леб печен во тенџере

Интернет хит: Леб печен во тенџере

Совршено мек со крцкава кора!

Состојки:

  • 1 кг брашно
  • 50 гр свеж квасец
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 1 лажица сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 500 мл млака вода

Начин на подготовка:

  1. Во поголем сад ставете половина од брашното, додајте издробен квасец, прашок за печиво, сол и шеќер.
  2. Со млака вода замесете фино тесто со додавање на останатото брашно. Тестото оставете го 60 минути да надојде, потоа премесете го на работна површина посипена со брашно.
  3. Рерната загрејте ја на 275 степени, па ставете празно тенџере со капак добро да загрее.
  4. Во добро загреаното тенџере ставете го лебот, покријте го со капак и печете 20 минути на 275 степени, потоа тргнете го капакот и печете уште 15 минути.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта