Запечен гурмански тост со сланина и кашкавал: Брзо и превкусно јадење!

Запечен гурмански тост со сланина и кашкавал: Брзо и превкусно јадење!

Вкус на сланина, павлака, јогурт и кашкавал на едно место – вистинско гастрономско уживање.

Состојки:

  • 10 парчиња тост леб
  • 2 јајца
  • 200 гр павлака
  • 200 мл јогурт
  • 150 гр тост салама
  • 100 гр листови кашкавал
  • малку кечап
  • 100 гр кулен
  • 100 гр тенко сечкана сланина

Начин на подготовка:

  1. Тост лебот намачкајте го со кечап, ставете салама, лист кашкавал, кулен и малку сланина, поклопете со друго парче и повторете го процесот за останатите парчиња. Редете во плех.
  2. Скршете ги јајцата и разматете ги со жица, додајте павлака и јогурт и со тоа прелијте го лебот во плехот. Од горе наредете тенка сланина. Ставете во рерна на 200 степени и печете околу 30 минути. Малку изладете и уживајте во секој залак.

 

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

 

singlepost_text