Сочна боранија во карамелизиран кромид со печурки

Сочна боранија во карамелизиран кромид со печурки

Направете ароматичен оброк на единствен начин…

Состојки:

  • 450 гр смрзната зелена боранија
  • 4 лажици путер
  • 1 помала главица кромид
  • 2 чешниња лук, истолчкани
  • 200 гр шампињони
  • 2 лажици брашно
  • зачин
  • 1 лажичка соја сос
  • 180 мл кисела павлака

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Во поголемо тенџере ставете доста вода да зоврие. Потоа ставете боранија и гответе 3 минути, па веднаш процедете ја и измијте ја под млаз студена вода. Оставете да се исуши.
  2. Во поголема тава растопете 2 лажици путер. Ставете сечкан кромид, лук и печурки, па пржете додека кромидот не почне да омекнува. Измешајте брашно и пржете 1 минута. Додајте 60 мл врела вода и лажичка вегета, потоа сос и павлака, па измешајте. Потоа додајте млеко и сирење и мешајте додека сирењето не се растопи. Посолете и побиберете по вкус. Ако ви се чини дека смесата не е доволна густа, гответе уште некоја минуа. На крај ставете боранија, измешајте и ставете во огноотпорен сад. Печете 25 минути.
  3. Во меѓувреме, во поголема тава растопете го и останатиот путер и на него пржете кругови црвен кромид додека не добијат темна боја. Посолете ги и распоредете ги по површината на боранијата, па послужете.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула